Коронавирсуот не се всели во старскиот дом „Сју Рајдер“ во Битола.
Сите 20 брисеви што беа земени од корисниците на услугите во Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола, се негативи, потврдија од установата.
На заразата беа тестирани сите жители од домот кои беа во иста соба или на исти спрат со пензионерот од 85 години, кој беше сомнителен дека е инфициран од коронавирусот.

Во добра здравствена состојба е и 86-годишниот пациент, кај кој се покажа дека и вториот тест е негативен и тој е пуштен на домашно лекување.
М.М.