Во Италија во последните 24 часа од коронавирус починаа 578 лица. Има и 2.667 новозаболени, што е најниска дневна бројка од почетокот на март. Во земјата вкупно има регистрирано 165.155 случаи со коронавирус.

Инаку, бројот на пациенти во Европа надмина еден милион, што е нешто повеќе од половина од вкупниот број на регистрирани случаи во светот, што изнесува над два милиона.

Со најмалку 1.010.896 заразни, од кои 85.272 починале, Европа е најпогодениот континент од пандемијата ковид-19.

Земјите кои се најпогодени се Шпанија, Италија, Франција и Германија, секоја со над 100.000 случаи на нејзина територија, а Велика Британија се приближува до таа бројка и моментно бележи најмногу новорегистрирани случаи на дневна основа.