Македонските граѓани кои се вакцинираа со „Астра Зенека“ во Србија и кои се над возрасната граница од 60 години ќе се ревакцинираат во Македонија, најави министерот за здравство Венко Филипче.
За таа цел за нив ќе има посебен сајт „ревакцинација.мк“, каде што треба да се пријават. Оние, пак, кои се под возрасната граница, ќе мора да одат на ревакцинација во Србија и потоа да се пријават кај матичните лекари за да бидат внесени во системот.
Филипче не ја исклучува можноста за имунизација на учениците од 12 до 16-годишна возраст со вакцината на „Фајзер“, која не би била задолжителна.