Во Македонија моментно има вкупно 7.836 активни случаи на ковид-19, од кои најмногу во Скопје (3.657), Битола (465), Куманово (423), Велес (368), Прилеп (365) и Кавадарци (324).
Досега во земјата се направени 1.404.750 милиони тестирања.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 205.623. Оздравени се вкупно 190.570 пациенти, а починаа 7.217 лица.
Вчера беа пријавени 601 нов случај на зараза од 4.501 тестови.
Најмногу новозаболени повторно има во Скопје, каде вчера беа регистрирани нови 217 случаи. Потоа главниот град следуваат Битола со 68, Велес со 34 и Кавадарци и Куманово по 31.