Општина Бутел во соработка со невладината организација „Извор“ продолжи со делење на хуманитарни пакети со основни намирници за сите лица кои се најпогодени од кризата настаната од коронавирусот.
Минатата недела по повод Велигденските празници и во пресрет на Рамазанските пости Градоначалникот Велимир Смилевски заедно со волонтери од НВО „Извор“ поделија 200 пакети на три пункта – Визбегово, Бутел 2 ул. Рокомија и Бутел 1 на ул. Боца Иванова, информира општината.
Акцијата за делење на пакети со храна за оваа ранлива категорија Општина Бутел ќе ја продолжи и во наредниот период, додека трае кризата со пандемијата зафатена од коронавирусот.
Општина Бутел упати и апел до сите сограѓани и стопански субјекти кои имаат домашни или службени персонални комјутери што не ги користат, или на кои кои им е потребна поправка или дополнителна инсталација (куќиште, монитор, тастаура, приклучоци и маус), да ги донираат во Општина Бутел. Апелот уследи бидејќи општината увиде дека не секое семејство има дома компјутер за своето дете, за да ја следи изведбата на онлајн-наставата.
Општина Бутел и ИТ Секторот ќе ќе ги оспособуваат технички донираните комјутери кои подоцна ќе ги подели во општинските основни училишта на Бутел, каде што директорите на училиштата веќе имаат списоци со поднесени барања од родители кои не се во можност да ја следат наставата од овие причини.
– Со оваа акција, сакаме да донираме бесплатен комјутер за секој ученик од социјално загрозено семејство, каде има деца ученици од различни возрасни групи, а треба да следат електронска настава за различен степен на образование – се наведува во соопштението од општина Бутел.