Од Центарот за јавно здравје во Прилеп информираат дека изминатата седмица, во периодот од 28 јуни до 5 јули во општина Прилеп немало нови случаи на ковид-19. Нема ни починати од последици на коронавирусот.
Бројот на активни случаи со ковид-19 во градот изнесува шест и сите се лекуваат во домашни услови.
Вкупниот број на заразени од ковид-19 во Прилеп изнесува 8.327, а од почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 426 лица. Ка.М.