Фото: Игор Бансколиев

Кај уште двајца пациенти во Македонија е забележан британскиот сој на коронавирусот. Едниот од нив починал, додека другиот се води како оздравен од вторникот, информира Министерството за здравство. Пациентот што починал имал коморбидитет.

Според неофицијални информации кои ги пренесоа дел од медиумите починатиот е 46-годишен маж со претходни хронични заболувања.

Британскиот вид досега е детектиран кај вкупно три лица во Македонија, откако здравствените власти објавија за првиот случај (веќе е оздравен) во средата.