Од Министерството за здравство информираат дека од денеска почна вакцинацијата на лицата со ретки болести заведени во Националниот регистар за ретки болести.
Од таму појаснувааат дека се вакцинираат и родителите и старателите на малолетните лица од овој Регистар, во кој има 60-ина дијагнози на ретки болести.
Покрај овие лица, како што додаваат од Здравство, ќе се вакцинираат и пациентите со цистична фиброза. Во оваа категорија ќе се вакцинираат и родителите и старателите на малолетните лица со цистична фиброза.
Според здравствените власти, вакцинацијата ќе се изведува во наредните неколку дена на вакциналните пунктови во „А1 арената – СЦ Борис Трајковски“ во Скопје.
Неделава завршува и вакцинацијата на речиси 2.000 пациенти што се на дијализа, чекаат орган на листите за трансплантација, имаат трансплантиран орган или и самите се донори, известуваат од Здравство.