Министерството за здравство информира дека пациентот од Куманово, кој доцна синоќа почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, бил заболен од коронавирус.
За овој пациент, министерството информираше денеска во редовното соопштение за дневната состојба со новодијагностицирани, починати и оздравени пациенти, со напомена дека за него се чекаат резултатите од тестирањето на ковид-19.
Како што претходоно беше соопштено, се работи за пациент на возраст од 70 години од Куманово, кој имал хипертензија и срцева слабост, но резултатот за ковид-19 тогаш сè уште не беше готов.
Истиот пристигнал попладнево и бил позитивен, а од Министерството за здравство истакнуваат дека овој смртен случај ќе биде евидентиран во утрешниот извештај.