Пензионерот на старскиот дом „Сју Рајдер“ во Битола, на возраст од 85 години, кој како сомнителен беше хоспитализиран во Клиничката болница во Битола и по второто тестирање бил негативен.
По ваквите резултати од тестирањето пензионерот е пуштен на домашно лекување.
Ова го изјави доцна попладнево министерот за здравство Венко Филипче.
Инаку, според министерот Венко Филипче, во Битолската клиничка болница се хоспитализрани вкупно 4 лица, од кои сите се од Струга.
По сомнителниот наод за инфицираност од ковид-19 на пензионерот, во Старскиот дом „Сју Рајдер“ направена е инспекција и целосна дезинфекција на домот, а цимерите на сега веќе негативниот пензионер, како и дел од персоналот се ставени во изолација.
М.М.