Сѐ додека здравствените експерти не пронајдат вакцина за ковид-19, вирусот за жал ќе биде наша реалност, пишува претседателот Стево Пендаровски на социјалните мрежи.
– Тој ги погодува нашите роднини, пријатели, нашите познаници. Важно е секој да биде свесен за улогата којашто ја игра во ширењето на овој вирус или пак во намалување на бројот на болни. Да бидеме одговорни и да го заштитиме сопственото, но и здравјето на луѓето околу нас – порача Пендаровски.