Во општина Прилеп денеска нема новозаболени од коронавирус, а едно лице оздравело од заразната болест. Веќе неколку дена во Прилеп нема регистрирано нови случаи, а бројот на активните со ковид-19 изнесува 44.

На Инфективното одделение во прилепската општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 8 лица, од кои 7 се позитивни на коронавирус.

Во самоизолација се наоѓаат 65 лица.
Инаку, вчера и завчера се вршеше скрининг тестирање на вработените во градинките, а анализите се очекуваат деновиве.
Ка.М.