ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.Д. (36) и С.Д. (39) и двајцата жители од село Лисичани, за сторено казнено дело непостапување според здраствени прописи за време на епидемија. Тие завчера при извршена контрола од страна на полициски службеници, не се придржувале кон мерките за 14-дневна изолација, откако на 13 март пристигнале во земјава преку аеродромот во Скопје. Таму под полна материјална и кривична одговорност тие потпишале дека доаѓаат од Швајцарија и дека во времетраење од 14 дена ќе спроведат задолжителна самоизолација во сопствените домови во село Лисичани.
Пријавените на овој начин ги прекршиле мерките за самоизолација и постапиле спротивно на прописите за спречување на ширење на коронавирусот. З.А.