Покрај општината Битола, која донираше околу 40.000 евра за изградба на модуларниот ковид-центар, кој се гради наспроти инфективното одделение кај Клиничката болница во Битола, свои донации дадоа и двете јавни комунални претпријатија „Водовод“ и „Комуналец“.
На барање на Клиничката болница Битола, а во договор со општина Битола и Владата, ЈКП „Водовод“ донираше приклучок за монтажната болница за ковид-19 во вредност од околу милион и пол денари, а исто толку средства донираше и ЈКП „Нискоградба“ која го изработи приклучокот за одвод и канализација, во вредност од 1,5 милиони денари.
Деновиве интензивно се работи на подготвување локациите каде ќе биде поставен ковид-центарот, каде што треба да се згрижат околу 90 пациенти. Според проектот ковид-центарот треба да биде изграден за три недели. М.М.