Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 22 до 28 март, во општина Прилеп имало 404 новозаболени од коронавирус. Од последици на коронавирусот починале 20 лица.
Хоспитализирани се 116 пациенти, од кои денес 10 се нови хоспитализирани, додека има 14 слободни кревети, велат од прилепската болница.
За два дена се планира ставање во функција на модуларната болница.
Бројот на активни случаи со ковид-19 во Прилеп изнесува 1.030. Вкупниот број на заразени од вирусот изнесува 6.933. Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 327 лица. Ка.М.