Еден починат, еден новозаразен од коронавирусот се евидентирани во Прилеп во изминатите 24 часа, информираше градоначалникот Илија Јованоски, посочувајќи дека две лица се оздравени.

– Во инфективното одделение на прилепската болница се хоспитализирани 16 пациенти, од кои 14 се позитивни на коронавирусот – рече градоначалникот Јованоски.

По повеќе од месец дена во сабота од 7 до 15 часот ќе биде отворен и Градскиот пазар, кој досега работеше од понеделник до петок, при што ќе бидат применети сите превентивни и заштитни мерки од коронавирусот.

Од вторник 26 мај пак се воведува јавниот градски превоз, при што во функција ќе биде вонредната неделна линија.

Ка.М.