Во текот на изминатото деноноќие за време на полицискиот час и спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот две лица од Кичево не ја почитувале забраната за движење. Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик и „Непостапување според здравствени прописи за време на пандемија“.
Рано утринава во 3 часот, на улица „Мехмед Мехмеди“ во Кичево, Б.С.(37) во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
А во текот на вчерашниот ден М.Ѓ.(64) од Кичево, во полициската станица пријавила дека околу 11.30 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница. З.А.