Две дози вакцина против коронавирус во Македонија примиле 107.648 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
– На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 239.283 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.995 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 15.155 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 346.931 доза вакцини, а ревакцинирани се 107.648 граѓани – соопшти МЗ.
Со последните бројки, 47 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Досега бројот на лица што изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 436.072 граѓани.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи, како што велат од таму, тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.