По веста дека во Македонски Брод се регистрирани двајца жители заразени со Ковид 19 , побаравме порецизна информација од каде точно се овие лица.
– Лицата за кои денес беше објавена веста дека се заразени од коронавирусот не се од Македонски Брод, туку од соседната Општина Пласница.Тие откако се вратиле во земјава од странство, биле упати во државен карантин во Велес, каде се тестирани и каде што е потврдено дека се позитивни на ковид-19. И на овој начин сакаме да им соопштиме на жителите на Македонски Брод да не плашат и да не креваат паника, бидејќи лицата кои се заразени со коронавирусот, директно од странство се упатени во карантин и воопшто немале контакт со жители од нашата општина, односно не постои опасност од натамошно ширење на ковид-19 – истакна д-р Спаско Ѓ., лекар од примарното здраство од Македонски Брод. З.А.