Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 20 нови случаи на коронавирус, а 9 лица оздравеле од заразната болест.
Бројот на активни случаи изнесува 137, од кои 109 се наоѓаат на домашно, а 28 на болничко лекување.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 264 лица.
Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 773. Ка.М.