Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски, преку Фејсбук соопшти дека добил негативни резултати на тестовите за Ковид-19.
– Сакам да ве информирам дека двата теста, кои ми беа направени преку брис и преку крв, се негативни и не чувствувам никакви симптоми. Додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите од Институтот за јавно здравје, останувам во самоизолација и ќе го почитувам препорачаниот рок за самоизалоција – напиша Смилевски.
Тој ги повикува граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките во борбата против коронавирусот.