Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп нема новозаболени од коронавирус, а четворица оздравеле од заразната болест.
Бројот на активни случаи изнесува 55, од кои 37 се наоаѓаат на домашно, а 18 лица на болничко лекување.
Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата е 312.
Најголемиот дел се жени, а според старосната граница најголем број од заболените се на возраст од 50 до 59 години.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 83 лица. Ка.М.