Во последните 24 часа во Македонија 39 лица починале од коронавирус, а потврдени се 1.237 нови случаи, соопшти Министерството за здравство. Оздравеле 748 заболени.
Направени се 3.200 тестирања, а најголем број случаи се потврдени во Скопје – 506, Прилеп 91, Гостивар 75, Велес 67 и Штип 55.
Во останатите градови состојбата на нови случаи е следна: Куманово 34, Тетово 51, Струга 31, Битола 30, Охрид 26, Кавадарци 31, Гевгелија 23, Струмица 38, Крива Паланка 8, Радовиш 11, Крушево 12, Кочани 15, Пробиштип 3, Демир Хисар 7, Македонски Брод 4, Берово 1, Валандово 6, Виница 3, Делчево 2, Кратово 5, Свети Николе 24, Кичево 36, Ресен 13 и Неготино 29.
Починати се 39 лица, десет пациенти од Скопје (73, 84, 63, 61, 83, 38, 77, 76, 62 и 76г), еден од Куманово (76г), еден од Штип (51г), тројца пациенти од Прилеп (71, 57 и 56г), еден од Тетово (65г), шест од Велес (76, 59, 81, 63, 81 и 85г), пет од Битола (68, 65, 44, 76 и 69г), двајца од Охрид (54 и 63г), шест пациенти од Струмица (72, 85, 71, 54, 77 и 71г), еден од Крушево (44г), еден од Кочани (67г), еден од Кичево (67г) и еден пациент од Неготино (67г). Oд нив еден е починат вон, останатите се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 306.481 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 52.449, бројката на оздравени пациенти е 30.952, на починати е 1.462, а бројот на активни случаи изнесува 20.035.