На територија на ОВР Кичево полициските службеници констатирале 32 прекршоци на граѓани за неносење на лична заштита на лицето.На овие лица им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето ,заради спречување на ширење на ковид-19.
Во исто време полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 15 контроли врз угостиелски и други објекти на ниво на СВР Охрид, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. З.А.