Во Битола изминатите денови постојано расте бројот на позитивните на ковид-19. Иако во изминатите неколку денови бројката се „стабилизраше“ на по четири позитивни на ден, според денешниот извештај на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, бројката се искачи на 6 позитивни, од кои дури пет се од едно семејство, а меѓу нив има и едно 11 годишно дете.
Инаку и покрај постојаното зголемување на бројот на позитивни на ковид-19, во Битола секој ден се одржуваат концерти на отворено.
Иако сите тврдат дека тие се одржуваат по сите пропишани здравствени протоколи сепак има концерти, како тој на „Хераклеја“ од Петар Грашо, на кој присуствуваа дури и 3.000 обожаватели.
Многумина сметаат дека зголемувањето на бројот на позитивни на ковид-19 се должи токму на непочитувањето на мерките за здравствена заштита, а можеби и на концертите.
М.М.