Вакциналниот пункт во средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола ќе работи до 15 август.
Ваквата одлука е донесена поради големиот број на лица кои треба да се ревакцинираат во Битола, а тоа не е изводливо да се прави во пунктот во ОУ „Даме Груев“ заради просторот или во Здравстевниот дом, кој нема големи просторни услови.
Според новата одлука на Здравствениот дом, која е донесена во договор со Министерството за здравство, овој пунк ќе продолжи да работи до 15 август, до кога битолчани покрај тоа што ќе се ревакцинираат, ќе можат и слободно да се вакцинираат со прва доза вакцина.
Од Здравствениот дом велат дека голема е бројката на лица кои треба да се ревакцинираат во Битола, а од понеделник продолжуваат со теренската вакцинација каде ќе почнат со давање на ревакцината.
Инаку вчера во пунктот во Битола биле вакцинирани и ревакцинирани вкупно 981 лице.
Тоа што посебно ги загрижува битолчани е што во последните денови во Битола расте бројот на позитивните на ковид-19 и сега секојдневно има по неколку новозаразени.
Тоа се должи пред се на олабувањето на граѓаните, непочитувањето на мерките, посетата на бројните концерти, свадбите, забавите.
М.М.