Вкупниот број дијагностицирани пациенти со коронавирус се искачи на 76, откако попладнево се дијагностицирани уште шест лица позитивни на коронавирус, соопштија од Министерството за здравство.
Според податоците од таму, во текот на денов потврдени се и двајца сопружници од Кавадарци позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште едно лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи.
Министерот за здравство попладнево информираше дека со цел побрзо детектирање на вирусот, ќе се обединат капацитетите на двете лаборатории на Институтот за јавно здравје и болницата „Жан Митрев“.
Според последните информации, градови зафатени од коронавирусот се Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци.