Во Прилеп се намалува бројот на заразени од ковид-19, според информациите од Центарот за јавно здравје. Како што информира директорката на ЦЈЗ, Драгица Николоска, во периодот од 7 до 13 февруари биле регистрирани 267 новозаразени.

– Седум лица се починати, а активни случаи се 336. Возраста на лицата е различна. Оваа недела е рамна линијата на новозаразени и очекуваме полека да се намалува бројката – вели Николоска.

Во болница се хоспитализирани 30 лица, од кои 26 се на кислородна поддршка, претежно повозрасни пациенти.

– Од згрижените пациенти во инфективното оддделение вакцинирани се 12 пациенти. Бројот на пациенти кои доаѓаат во дневна болница е намален за половина. Моментно околу 20 пациенти доаѓаат на дневна терапија во болницата – вели Кети Смилеска, директорка на прилепската болница.

Во Прилеп драстично е намален интересот за вакцинација со прва доза, а се уште
има интерес за вакцинирање со трета доза.

Инаку, од почетокот на пандемијата вкупната бројка на заразени лица во Прилепско
изнесува 13.265, од кои 555 лица починале заради компликации од ковид-19. Ка.М.