Фото: Маја Јаневска-Илиева

Во изминатото деноноќие направени се 824 тестови, а регистрирани се 97 нови случаи на ковид-19, од кои во Скопје – 52, Битола, Прилеп и Кавадарци по 6, Куманово и Штип по 5, Велес 4, Охрид и Крива Паланка по 2, Тетово, и во Струмица, Неготино, Радовиш, Дебар, Валандово, Кратово, Крушево и Македонски Брод по 1, соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број на позитивни (97), регистрирани се 29 реинфекции.

Регистриран e 61 оздравен пациент од: Скопје – 30, Битола – 6, Куманово и Охрид – по 4, Прилеп и Берово – по 3, Тетово, Кавадарци, Кичево и Кратово – по 2, Велес, Гостивар и Свети Николе – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се регистрирани 4 починати лица од Скопје, Охрид, Струга и Гевгелија, на возраст од 80 до 83 години. Починатите се регистрирани во период од 16 август до 9 септември, годинава.

Досега во земјата се направени вкупно 2.160.942 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.986, бројот на оздравени пациенти е 331.740, на починати е 9.520, а бројот на активни случаи изнесува 726.