Здравствените институции да почнат со скринингот во училиштата во најбрзо можно време, истакна денеска портпаролот на Комисијата за заразни болести (КЗБ), Злате Мехмедовиќ.
Целта, како што дополни, е да можеме да добиеме релевантни податоци за тоа каква е трансмисијата на вирусот во училиштата, особено поради информацијата која се однесува на лесно зголемување на бројките во возрасната група меѓу 6 и 14 години.
Има зголемен број на заразени ученици, но нема простор за загриженост, вели Петличковски
Методологијата, посочи тој, е утврдена, бројката која се однесува за деца кои би биле тестирани не би требало да биде поголема од 2000.
– Се смета дека периодот за кој би требало да бидат завршени сите процедури во тој скрининг не би требало да биде подолг од една недела – додаде Мехмедовиќ, одговарајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.