Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови, а регистрирани се 766 нови случаи на ковид-19: Скопје – 521, Битола – 33, Куманово – 32, Струмица – 23, Кавадарци – 20, Прилеп – 19, Штип – 17, Охрид – 16, Струга и Гевгелија – по 9, Кичево и Ресен – по 8, Велес – 7, Гостивар – 6, Тетово – 5, Свети Николе, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 4, Неготино и Крива Паланка – по 3, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2, Делчево, Дебар, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1. Од вкупниот број на позитивни (766), регистрирани се 86 реинфекции.
На тој начин, дневниот бројот на новозаразени падна под илјада првпат по 10 јануари кога беа забележани 813 нови случаи на ковид-19 и десетмина починати. Во изминатите денови имаше 1.348, 1.635, 1.732, 1.865, 1.822 и 1.964 случаи.
Регистрирани сe 486 оздравени пациенти од: Скопје – 339, Битола – 26, Прилеп – 23, Кавадарци – 18, Тетово – 14, Штип – 11, Куманово, Гевгелија и Крива Паланка – по 8, Струмица и Велес – по 6, Кичево – 4, Валандово и Радовиш – по 3, Неготино – 2, Охрид, Ресен, Гостивар, Свети Николе, Богданци, Кочани и Виница – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 4 починати лица од Скопје (63г, 65г, 80г и 81г), 2 починати лица од Битола (80г и 82г) и по едно починато лице од Охрид (58г), Гевгелија (72г), Кавадарци (67г), Крива Паланка (74г), Кочани (48г) и Демир Хисар (82г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар и Дебар, починати во период од 03.01 – 11.01.2022г. Починатите се на возраст од 62 години до 75 години. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.710.444 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 245.398, бројот на оздравени пациенти е 220.886, на починати е 8.115, а бројот на активни случаи изнесува 16.397.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови – заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)
Скопје 110.354, активни 8.788
Куманово 13.860, активни 603
Прилеп 11.931, активни 884
Тетово 11.730, активни 256
Битола 11.133, активни 1461
Гостивар 8.340, активни 214
Кавадарци 7.995, активни 413
Велес 7.894, активни 318
Охрид 7.446, активни 581
Штип 7.128, активни 274
Струмица 6.692, активни 338
Кичево 4.602, активни 237
Кочани 4.310, активни 158
Струга 4.124, активни 171
Гевгелија 3.267, активни 242
Неготино 2.830, активни 158
Свети Николе 2.256, активни 86
Ресен 2.086, активни 172
Крива Паланка 2.074, активни 96
Радовиш 2.017, активни 180
Делчево 1.581, активни 92
Берово 1.538, активни 52
Дебар 1.479, активни 17
Виница 1.220, активни 33
Пробиштип 1.208, активни 53
Валандово 1.197, активни 135
Кратово 818, активни 28
Крушево 760, активни 140
Богданци 759, активни 58
Демир Хисар 701, активни 50
Македонски Брод 589, активни 40
Демир Капија 455, активни 19
Македонска Каменица 454, активни 25
Пехчево 380, активни 18
Дојран 190, активни 7