Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција информира дека се регистрирани 364 нови случаи на ковид-19 во земјава.
Филипче, соопшти дека заедно со Комисијата за заразни болести ќе предложат нови мерки за превенција од ширење на вирусот.
– Бројот на новозаболени продолжува да расте секаде во светот. Речиси сите земји воведуваат нови мерки, есенскиот бран го зафаќа и регионот – истакна министерот.
За потсетување, здравствените вчера власти регистрираа 317 новозаразени на 1.990 направени тестови, што беше нов рекорд на дневни случаи, кој е повторно надминат по само 24 часа.