Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 484 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид – 19 во Скопје – 9, Дебар – 1, Прилеп – 5, Тетово – 3, Гостивар – 1, Гевгелија – 12 (странски државјани) и по еден во Струмица, Радовиш, Кочани, Пробиштип, Делчево и Кратово.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент од Скопје – 171, Куманово – 15, Штип – 10, Прилеп – 15, Тетово – 2, Велес – 6, Битола – 2, Кавадарци – 4, Гостивар – 2, Гевгелија – 2, Пробиштип – 3, Пехчево – 3, Берово – 5, Виница – 1, Свети Николе – 8 и по еден во Кичево и Неготино.
Починати се 6 пациенти, од Скопје (73), Струга (79), Гостивар (55), Крива Паланка (63), Делчево (86) и од Кичево (74), сите во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.127, бројката на оздравени пациенти е 12.486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.018. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката за зарезени по градови е следна:
• Скопје 6.123, активни 591
• Куманово 1.540, активни 248
• Дебар 261, активни 29
• Штип 1.182, активни 96
• Прилеп 525, активни 142
• Тетово 1.254, активни 125
• Струга 595, активни 64
• Велес 278, активни 20
• Битола 225, активни 40
• Охрид 360, активни 45
• Кавадарци 190, активни 47
• Гостивар 823, активни 134
• Гевгелија 73, активни 46 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 83, активни 31
• Крива Паланка 60, активни 19
• Радовиш 46, активни 7
• Крушево 17, активни 1
• Кочани 160, активни 33
• Пробиштип 90, активни 15
• Демир Хисар 60, активни 2
• Македонски Брод 77, активни 10
• Пехчево 38, активни 28
• Берово 68, активни 41
• Валандово 9, активни 2
• Виница 82, активни 28
• Делчево 103, активни 77 (26 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 23, активни 7
• Свети Николе 301, активни 37
• Кичево 286, активни 45
• Ресен 147, активни 0
• Неготино 48, активни 8 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 158.003 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78, а на кислородна поддршка се 56 пациенти.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 1 мајка позитивни на ковид-19, како и 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 27 пациент, од кои на респиратори се седуммина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 126, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Бројот на активни случаи по скопските општини, врз основа на новите податоци е следен:
• Чаир – 55
• Гази Баба – 70
• Аеродром – 102
• Карпош – 65
• Центар – 58
• Кисела Вода – 70
• Ѓорче Петров – 35
• Бутел – 37
• Шуто Оризари – 24
• Студеничани – 16
• Сарај – 15
• Арачиново – 10
• Илинден – 11
• Сопиште – 6
• Чучер Сандево – 2
• Петровец – 5
• Зелениково – 2
• Странец – 6
• Нераспределен-2