По неколкуте дена без новозаболени, денес во Кичево се евидентирани 6 инфицирани граѓани, а истовремено продолжува да расте бројот на оздравени. Така, денес се регистрирани 10 излекувани пациенти, по што бројот на активни случаи се спушти под 50 и изнесува 49, додека вкупниот број на оздравени се искачи на 214.
Денешната бројка од 6 новозаболени граѓани е уште една потврда дека коронавирусот и понатаму е присутен и дека треба секогаш будноста да биде на највисоко рамниште. Тоа редовно ни го повторуваат и членовите на општинскиот кризен штаб.
– Денешната бројка од 6 новозаболени граѓани е уште една потврда дека коронавирусот и понатаму е тука и претставува потенцијална закана за сите, особено за оние лица кои помалку се придржуваат кон протоколите за заштита од ковид-19, а се однесуваат на држење дистанца, задолжително носење на заштитна маска, пред се во затворен простор и што помало групирање. Овие мерки есенва треба уште повеќе да се почитуваат, затоа што терасите ќе престанат со работа, а во поголемиот дел од денот ќе се престојува во затворен простор – вели д-р Џабир Бајрами, директор на Здраствениот дом Кичево.
Досега во оваа општина вкупно се инфицирани 275 граѓани, 214 се излекувани, 49 се активни и има 12 починати. З.А.