Во последните 24 часа четворица пациенти починаа од коронавирус во земјата. Потврдени се 19 нови случаи, а излекувани се 16 пациенти.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје- седум, Куманово, Велес и Кочани по еден пациент, во Тетово и Неготино се оздравени по тројца пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 65-годишна возраст примена на 11 мај, пациент од Скопје (71 години), хоспитализиран на 16 мај и пациент од Тетово (73 години) во болница од 11 мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Прилеп (41 година) кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.

Во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи и тоа во: Скопје-11, Куманово-два случаи и по еден случај во Прилеп, Тетово, Велес, Гостивар, Струмица и Виница.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.858, бројката на оздравени пациенти е 1.367, на починати е 110, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 381.

Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 647, активни 145
• Куманово – 418, активни 22
• Дебар – 51, активни 0
• Штип-38, активни 4
• Прилеп –203, активни 59
• Тетово – 151, активни 63
• Струга – 71, активни 5
• Велес – 126, активни 53
• Битола –27, активни 8
• Охрид –21, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –21, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка- 6, активни 1
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 3
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -9, активни 2 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 1
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 0
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 1
• Берово-1, активни 1
• Свети Николе-1, активни 1

Досега во земјата се направени вкупно 22.767 тестирања на ковид-19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 223 теста се во рамките на скринингот во градинки и нема позитивни. Од досега направените 1.131 тестирања на вработените во градинките потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се пет нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 46 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се двајца пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 27 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се двајца пациенти, а со потешка клиничка слика се уште четири пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани осум, на домашно лекување се следат уште тројца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани шест пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.

На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.