Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот.
– Анализирајќи ги сите овие нови бројки на заразени во минатите недели, за утрешната седница ќе предложиме сите економски оператори да работат до 23 часот, ограничување на јавниот превоз до 50 проценти, препорака до јавната администрација, општините и судовите работниот процес да се одвива во смени или оналајн од дома – рече Филипче.
Поради зголемувањето на бројот на новозаразени минатите недели, капацитетите во болниците во Струмица, Куманово, Штип и Прилеп се веќе исполнети, а отворено е уште едно крило во болницата во Битола. Забрзано се полнат кацитетите и во болницата во Гостивар.
– Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час. Да собереме сили сите да го избегнеме сето ова – порача Филипче.