Министерот за здравство, Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на Главниот кризен штаб му предложи полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни, на територија на цела држава.
Министерот образложи дека овој предлог на Комисијата е поради тоа како би се ограничило дополнително групирање во доцните часови.
Од Министерството за здравство наведуваат дека епидемиолошката состојба во државата е стабилна, бројот на активни случаи се намалува, а драстично е намален и бројот на хоспитализирани пациенти во ковид-центрите на територија на цела држава.
На Клиниката за инфективни болести првпат од почетокот на пандемијата лекарите прегледуваат пациенти и од други инфективни патологии.
– Според последната епидемиолошка анализа нема најава дека престојниот период ќе има зголемување со нови случаи на заразени, како и зголемен број на хоспитализирани – соопштуваат од МЗ.