Министерството за здравство, информира дека министерот Венко Филипче, на покана на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и министерот за здравство Костадин Ангелов денеска ќе присуствува на седница на владата на Република Бугарија. На седницата во Софија се очекува да се разговара за тоа Македонија да добие дел од правата пратка вакцини што ќе стигнат во Република Бугарија.
Поддршката од земјите членки на ЕУ е вториот механизам преку кој нашата земја ќе обезбеди вакцини против Ковид-19. Досега таков вид на помош, на нашата земја и понудија и Полска и Грција.
„ Освен со купување одредена количина од вакцините на овие земји членки на ЕУ, нашата земја обезбеди вакцини против Ковид-19 и преку Ковакс механизмот. Во тек се разговори и со произведувачите за евентуална директна набавка од нив“ соопшти Министерството за здравство.