Во изминативе две недели, и покрај благиот раст на активни случаи со ковид-19, процентот на хоспитализирани бележи пад од речиси 2%, односно од 11,5% на 15 јули на 9,7% на 23 јули, објави министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи.
Тој наведува дека во континуитет, процентот на хоспитализирани од вкупниот број на активни случаи не надминува повеќе од 12%.
– Да ги почитуваме мерките, да се заштитиме себеси, здравствените работници и да го одржиме нашиот здравствен систем стабилен – апелира Филипче.