Според информациите од Министерството за здравство денеска уште едно лице е заразено од коронавирус во Прилеп. Нема информација дали новозаразеното лице е поврзано со претходните случаи.
Со ова вкупната бројка на заразени од Ковид 19 во Прилеп до денеска изнесува 10 лица.
Во меѓувреме како што не информира д -р Драги Богојески, директор на прилепската болница „Борка Талески“, на еден од двајцата хоспитализирани пациенти во инфективното одделение му се влошила состојбата и тој ќе биде префрлен на Инфективната клиника во Скопје.
Тестирања освен во Центарот за јавно здравје, сега се закажуваат преку матичните лекари, а брисеви се земаат и во инфективното одделение.
Во Здравствениот дом Прилеп треба да започнат со работа два пункта за проверка на Ковид 19 на територијата на општина Прилеп.

Ка.М.