Во општина Прилеп денеска се евидентирани три нови случаи на новозаболени од ковид-19, а 8 пациенти се излекувани од оваа заразна болест.
На Инфективното одделение во прилепската општа болница „Борка Талески“ велат од општина Прилеп, хоспитализирани се 16 лица. Од нив, 14 се позитивни на коронавирус, а двајца пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Двајца негативни на ковид-19, се задржани се заради примање терапија за подобрување на нивната општа здравствена состојба.
Во самоизолација се наоѓаат 228 лица, а во изминатото деноноќие немало нарушување на полицискиот час. Ка.М.