Собранието со 70 гласа „за“ денеска ги донесе измените на законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка, со што се создаваат услови за увоз на вакцини против ковид-19 во Македонија.
Законот беше поддржан и од опозицијата, и покрај изнесените критики за доцнењето на вакцините.
Собраниската 30-та седница ќе продолжи по едночасовната пауза.