Се очекува Комисијата за заразни болести да расправа и за новата мутација на коронавирусот – омикрон, на денешниот состанок за епидемиолошката состојба.
На седница на Владата, пак, утре треба да се одлучува за новата предложена мерка за финансиска стимулација на матичните лекари, доколку бројот на нивните вакцинирани пациенти против ковид-19 надмине 70 проценти.
Во Македонија моментно има активни 8.398 случаи на ковид-19, според последните податоци.