Седум лица заболени од коронавирус кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје се во потешка состојба, соопшти минситерот за здравство, Венко Филипче. Тој посочи дека таму моментално се лекуваат 41 лице.
– На Инфективна клиника се хоспитализирани 41 случај од кои 7 се во потешка состојба, но тие се респираторно независни, 27 се во средно тешка состојба и 7 имаат поблаги симптоми. Стабилна е состојбата и на пациентите во Штип – рече Филипче.
Министерот посочи дека е добро што има линеарно покачување на случаите, односно нема зголемување на заболени.
Во изминатите 24 часа беа регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Од нив, 11 лица се инфицирани во Скопје, четири во Прилеп, двајца во Куманово и едно лице во Тетово. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 до 12 часот изнесува 219 лица.