Индискиот вид на коронавирусот е забележана кај уште еден пациент во Македонија кој се лекувал во приватна болница, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Станува збор за колега на пациентот кој беше првооткриениот случај на видот делта, како што е позната оваа мутација на ковид-19. Двајцата биле на работа во Ирак и се враќале со истиот авионски лет во македонија, со тоа што симптомите се појавиле подоцна кај вториот заразен.
Министерот уверува дека состојбата е под контрола и дека новиот забележан случај на индискиот вид не претставува ризик, како и дека нема потреба да се преземаат дополнителни мерки.
– Има уште еден ист таков случај кој се лекуваше во една од приватните болници. Стравување од индискиот сој или некоја нова форма на мутација која може да биде позаразна од сегашните, актуелни, постои насекаде. Но, битно е дека сите вакцини штитат од тешка форма на болеста или од смртен исход, дури и од таква мутрирана форма на вирусот. Епидемиолошките анкети кои досега се направени покажаа дека нема ризик, а со тоа не треба да се прават ниту дополнителни мерки – рече Филипче денес во Битола. М.М.