Илустрација / Фото: Нова Македонија

Денес се регистрирани 412 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со ковид-19 изнесува 191.820.

Направени се 3.379 тестирања, оздравени се 395 пациенти, а пријавени се 12 починати лица во изминативе 24 часа.

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 5 починати лица од Скопје (76г, 74г, 73г, 60г и 56г) и по едно починато лице од Куманово (81г), Велес (85г), Дебар(73г), Делчево (59г), Кавадарци ( 85г), Крива Паланка ( 67г) и Тетово (64г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште три починати лица, со датум на смрт од 25.08.2021 до 28.09.2021 година. Починатите лица се 3 лица од Скопје, на возраст од 64 до 88 години. Од пријавените лица сите се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.292.895 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.820 бројката на оздравени пациенти е 173.048, на починати е 6.683, а бројот на активни случаи изнесува 12.089.