Времето утре наутро ќе биде постудено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје, претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 22 степени.

Во недела и во првите два дена од следната седмица ќе преовладува стабилно и сончево време со појава на мала до умерена облачност. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во постепен пораст.

Нови врнежи се очекуваат во среда кон крајот на денот.