Во последните 24 часа, регистрирани се 276 нови позитивни случаи на коронавирус, направени се 2.720 тестирања, а пријавени се вкупно 10 починати лица – пет во изминатото деноноќие и пет претходно починати. Исто така, 249 оздравени пациенти оздравеле од ковид-19, информира Министерството за здравство.
Најмногу новозаразени има во Скопје (130) и Битола (35). Од 249-те оздравени пациенти, исто така најмноги се од Скопје (111) и од Битола (35).
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица, сите починале во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 пријавени се уште 5 починати лица со датум на смрт од 21 ноември до 28 ноември, годинава. Тие се на возраст од 29 до 79 години. Две лица се починати во домашни услови и три во болничка установа.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.301, бројот на оздравени пациенти е 203.574, на починати се 7.641 лица. Во моментов има регистрирани 6.086 активни случаи.