Со петте новозаболени и тројцата оздравени и без ниту еден починат, Кичево го пречекува овој викенд, со 120 заразени од почетокот на пандемијата и 93 активни случаи. Градот кој до пред два месеци беше на самиот врв со мал број на заразени, денес бројките прогресираат и покрај апелите на здраствените работници граѓаните да се придржуваат до предвидените мерки. Петмината новозаболени се лица со полесна клиничка слика, се наоѓаат во домашен карантин и се под постојан надзор на матичен лекар.
– Денес имаме пораст на инфицирани со нови пет лица, сега бројот на активни случаи изнесува 93, 22 лица се излекувани и петмина ја загубија битката со ковид-19. Радува фактот што и денешните новозаразени се лица со полесна клиничка слика и треба наскоро да очекуваме бројот на оздравени рапидно да расте. Препораките кои што досега беа во сила и натаму важат – истакнуваат од Кризниот штаб и посочуваат дека заразата се шири и надвор од познатите кластери и затоа нејзината контрола е речиси невозможна.