Претседателот на пензионерите на Битола, Томе Димитровски, почина на 72-годишна возраст поради компликации од ковид-19. Тој почина утринава на Скопските клиники, каде од вчера бил хоспитализиран.
Димитровски долги години беше директорна Агенцијата за вработување во Битола. Тој беше познат битолски спортист и еден од златната генерација фудбалери на Пелистер.
За претседател на Здужението на пензионери Димитровски беше избран во 2018 година и целиот период од својот мандат, особено по појавата на пандемијата го посвети на справувањето со последиците од корнавирусот. М.М.